top of page
Search

Ајде да се подговиме за есен!

Секоја промена на сезоната влијае на нашето тело, здравје и енергија. Промена на температурата, промена на начинот на исхрана, начин на облекување, адаптација на нова клима – сето тоа може да влијае на здравјето, енергијата и имунитетот.

Промената на биоритмите не се само промена на денот и ноќта, туку и промената на годишните времиња. И на ваквите природни циклусни промени не можеме да влијаеме, но можеме да се прилагодиме на нашиот начин на живот и навики и на тој начин да го зачуваме балансот и здравјето.

Што ни е потребно за успешно да го подготвиме телото за студените месеци, како и за сезоната на настинки и грип и да го одржиме здраво?


1. Да го намалиме внесот на кофеин – Постепено да се елиминира или намали силното црно кафе и чаевите кои содржат кофеин (црн и зелен чај). Овие пијалоци може да се заменат со сезонски чаеви кои ни го загреваат телото, како што се ѓумбир, билни чаеви, чаеви од бобинки. Да се избегнуваат ладни пијалоци со мраз, нив не треба да се консумираме и во лето, а уште повеќе на есен.


2. Самото тело ни бара „топла“ храна – Во втората половина на септември важно е да се фокусираме на зајакнување на имунитетот. Храна која грее, не мора да е топла храна, но храна која буди топлина во нас, исто така корисна во овој период. Таквата храна вклучува портокалово, жолто, црвено овошје и зеленчук - моркови, тикви, праски, дињи, агруми. Се препорачуваат и банани, јаболка, цвекло, зелка, лути пиперки, карфиол, модар патлиџан, грозје, анасон, мешунки, круши и спанаќ.


3. Да вкучиме повеќе здрави растителни масти - Можете да се користат ленено, маслиново или оревово масло. Се препорачува и консумирање јаткасти плодови кои содржат многу здрави растителни масти.


4. Важно е исхраната да биде избалансирана и да не се прескокнуваат оброци. Во лето, на пример, појадокот е полесен отколку во есен. Појадокот треба да биде целосен. Исто така, во никој случај не треба да го прескокнувате ручекот, односно да има барем три целосни оброци дневно. Оброците треба да бидат помали, но почести. За ужина користете овошје, јаткасти плодови или топли напитоци со малку цимет

Од витамините најпрво би го споменала витаминот А, кој влијае делува против настинки. Потребната доза ќе ја добиеме доколку консумираме спанаќ, моркови, тиква и праз, полномасно сирење, свинско месо....

Потоа витаминот Ц кој ги активира одбрамбените клетки и ги спречува ефектите на слободните радикали. Ќе го најдеме во спанаќот, портокалите, црвената пиперка и бриселското зелје. Практично, постои цела листа на вредни намирници кои ќе помогнат за правилно функционирање на нашиот организам во текот на есента и зимата.


Закажи консултација со нутриционист и добиј насока за здрава исхрана, нашите нутритивни услуги можеш да ги разгледаш на овој ЛИНК или контактирај ме на следниов КОНТАКТ.


Останете здрави и среќни!


 
 
 

Comments


Concrete Wall

Контактирај ме!

Благодарам за пораката!

Контакт телефон

+389 78 841 277

Адреса

Ул. Козле бр. 88/8-8

Следи ме

  • Instagram
  • Facebook

© 2023 nutritiontrees.com

bottom of page