Што всушност претставува исхрана според pH вредности
Влијанието на исхраната врз киселоста на организмот за прв пат ја има проучувано и поставено францускиот физиолог Клод Бернар во 19 век, додека веќе во 20-от век како резултат на причинско последичните влијанија на овој начин на исхрана нуриционистите започнале подетално да се занимаваат со оваа проблематика па така денес веќе имаме и научни докази кои ја потврдуваат улогата на овој начин на исхрана врз виталноста на организмот.
Според наодите и истражувањата утврдено е дека нарушениот однос на киселоста и алкалноста во организмот е предуслов за многу хронични заболувања кои се појавуваат во сите возрасти, а причинител за нарушување на оваа рамнотежа се сметаат лошите нутртивни навики карактеристични за современиот начин на живеење.
Што всушност претставува исхрана според pH вредности?
Киселоста или алкалноста обележанаа со pH е во опсек од 0-14. Кога pH вредноста е 7.0 тоа означува неутрална средина, од 0-7 е кисела средина а од 7-14 се покажува степенот на алкалноста. pH вредноста на човековиот организам пожелно е да биде умерено базна т.е во опсег од 7.35-7.45. Вредностите под и над овој опсег означуваат дека не се внесени минарали во потребната количина па така организмот е подложен да ја зголеми киселоста. Како резултат на зголемена киселост, првично отпорноста на организмот се намалува, оневозможена е апсорпцијата на хранливи материи, се намалува производството на енергија во самите клетки а отежната е регенерацијата на оштетените клетки.
Оневозможена е детоксикацијата и ослободувањето од тешките метали. Како причина се наведува консумацијата на храна богата со протеини од животинско потекло а внесот на зеленчук и овошје кои предизвикуваат алкалност е сведена на минимум. Дека состојбата со киселоста на организмот е сериозна доволен показател е pH вредност од 6.9 која го доведува организмот во состојба на ацидоза и може да дојде до кома па и смрт.
Како да се урамнотежи исхраната?
1. Да се зголеми внесот на намирници кои ја поттикнуваат алкалноста а да се намалат црвеното месо, месните преработки, полномасните млечни производи, слатки и засладени сокови, мајонез, кечап итн...
2. Доволна хидратација
3. Да се започне денот со чај: нане, ѓумбир, рузмарин и др лековити билки
4. Да научиме правилно даа ја комбинираме храната:
· Скробот и белковините создаваат висока киселост на организмот
· Рибата секогаш да се прелие со лимонов сок
· Семките да се комбинираат со салата
· Да не се консумира овошје веднаш по оброкот
5. Како засладувач да се користи стевија
Високо алкални намирници: лимон и лимета, минерална вода, кромид, сокови од зеленчук, малини , сладок компир, морски алги, сода бикарбона, леќа ...
Јаболката, грав , брокула диња магдонос, пашканат се се умерен алкалност.
Препораки за консумација во текот на денот се 60 % од намирниците кои поттикнуваат алкалност а 40 % наминици кои предизвикуваат кисела средина а доколку имаме нарушена здравствена состојба тој однос треба да биде 80% наспрема 20 %. При овој начин на исхрана не постои забрана на одредени намирници туку само нивна добра комбинација и не постојат мерки која намирница во кое количество треба да биде консумирана.
Останете здрави и среќни!
Comments