top of page

Кога треба да се посети Нутриционист?


Етимолошки зборот нутриционист е од латинско потекло и означува експерт за храна. По правило, нутриционистите имаат и бројни должности и одговорности покрај изучувањето на храната. Тие подготвуваат планови за оброци и го надгледуваат начинот на кој се подготвува и служи храната. Тие се одговорни и за лекување и превенција на голем број заболувања, само преку промовирање на здрава исхрана и предлагање на некои промени во начинот на исхрана (главно воведување здрава храна, и елиминирање на премногу процесирана масна и токсична храна).

Посети нутриционист

Постои мислење дека нутриционистите се тука само за да им помогнат на луѓето со прекумерна тежина да ослабат, но првенствено треба да се напомене дека нутриционистите се вистински експерти за храна кои можат да помогнат и во лекувањето на одредени заболувања. Затоа, според советите на нутриционистите, луѓето со висок крвен притисок треба да користат храна со помалку сол и други зачини, популацијата која страда од дијабет треба да о зголеми внесот на диетални влакна во исхранат, одредени воспалителни процеси и имунолошки состојби имаат потреба од отстранување на одредени групи намирници итн. Со еден збор можеме да констатираме дека и покрај тоа што нутриционистите главно подготвуваат планови за исхрана и табели за луѓе со прекумерна тежина, денеска сè повеќе работат со популација чија храна предизвикува или доведува до зголемување на одредени болести (односно, има штетно влијание врз здравјето).


  • Нутриционистите не се обични познавачи на храна, тие мора да имаат одредени познавања од медицината и хемијата, одлично да го познаваат патот ,,од нива до трпеза” како и технолошките процеси како се добива одредена храна.

  • Нутриционистите имаат обврска да ја проучуваат нутритивната вредност на храната, да изготват план за исхрана да ја понудат потребната поддршка и совети на своите клиенти а доколку е потребно и поддршка на семејствата да истраат во целокупниот процес.

  • Нутриционистите спроведуваат истражување со цел да ги откријат навиките во исхраната на клиентот, и потоа да влијаат на неговата исхрана.

  • Нивна основна цел е да промовираат здрава исхрана и да ги истакниваат нејзините позитивни ефекти врз човековото здравје.

Посети нутриционист

Што ми е потребно пред да одлучам да посетам Нутриционист?


Најпрво направете лекарски преглед. Нутриционистот треба да ја знае вашата здравствена состојба пред да даде упатства за исхраната. Вашиот матичен доктор може да ги сподели информациите за вашата општа здравствена состојба, преку одредени лекарски извештаи како општа крвна слика и останати извештаи доколку имате одредени заболувања. Некои здравствени состојби делумно или целосно се справуваат со режим на исхрана и можеби физичка активност.


Споделете ги вашите цели, и што вие би очекувале од нутриционистот. Дали сакате да изгубите тежина? Да зголемете тежина? Да добиете повеќе енергија? Да си олесните одредена здравствена состојба? Размислете за вашите цели и не се откажувајте .... секој труд се исплати.


Бидете подготвени да одговорите на прашања кои ќе ви ги постави нутриционистот. Очекувајте да зборувате за вашите навики во исхраната, какви било негативни реакции на храна, додатоци во исхраната, историја на вашата тежина, преференции за храна, општа медицинска историја, семејна здравствена историја, лекови и навики за вашиот животен стил. Овие сознанија можат да му помогнат на нутриционистот да ги приспособи советите за храна и исхрана за да одговараат на вашиот животен стил и здравствени потреби.


Запишете го внесот на храна. Водете дневник за внесот на храна и пијалоци. Евидентирајте ги количините (во чаши, грамови, лажици итн.) и како се подготвувала храната, како на пример пржена, скара или печена. На тој начин нутриционистот ке добие јасна слика за калорискиот внес и вашите навики во исхраната.


Заборавете на чудата и волшебните намалувања на килограми кои можат само да ви направат јо-јо ефект. Квалификуван професионалец за исхрана ќе се фокусира на промените во вашиот животен стил и изборот на храна, а не на брзи резултати, чудотворни лекови или скапи додатоци во исхраната. Килограмите и одредени здравствени состојби не се појавиле преку ноќ за да си заминат на истиот начин. Вооружете со трпение, упорност и работа на себе!


Закажи консултација со нутриционист и добиј насока за здрава исхрана, нашите нутритивни услуги можеш да ги разгледаш на овој ЛИНК или контактирај ме на следниов КОНТАКТ.


Останете здрави и среќни!

Comments


bottom of page