top of page

Придобивките од консумација на целер

Updated: Aug 4, 2023

Со само 10 калории по стебленце, целерот е познат како нискокалорична „диетална храна“.


Но покрај нискиот број на калории свежиот целер изобилува со голем број здравствени придобивки кои се добра причина да почнеме да консумираме целер.


1. Целерот е одличен извор на антиоксиданси.


Нашиот организам е во постојана борба со штетните влијанија од слободните радикали, па целерот влегува во хрна која содржи голем број на антиоксиданти првенствено витамин Ц, А, К , фолна киселина, каротеноиди и флавоноиди, но има најмалку 12 дополнителни видови на антиоксидантни хранливи материи кои се наоѓаат во едно стебленце.


2. Целерот помага во намалување на воспалението во организмот


Целерот и семките од целер имаат приближно 25 антиинфламаторни соединенија кои можат да понудат заштита од воспаление во телото, вклучувајќи артритис и остеопороза


3. Целерот ја подобрува дигестијата


Полисахаридите како што се пектините во целерот, вклучително и соединението познато како апиман, помагаат во случаевите на појава на чир на желудникот, ја подобруваат слузницата на желудникот и го модулираат стомачниот секрет во студиите спроведени врз животни. Во ваквите состојби помага и високата содржина на вода на целерот - речиси 95 % - и количината на диетални влакна. Една чаша стапчиња целер има 5 грама диетални влакна. Целерот е исто така прекрасен извор на фитонутриенти, кои се вистински борци во случаите на воспаление во дигестивниот тракт, клетките на крвните садови и органите.


4. Целерот е храна со низок гликемиски индекс


Тој влегува во храна со низок гликемиски индекс, што значи дека има бавен, стабилен ефект врз шеќерот во крвта.


5. Целерот има алкализирачко дејство.


Содржи минерали како магнезиум, железо и натриум ( минерали неопходни за основните телесни функции) па нивната содржина му овозможува да да има неутрализирачки ефект врз киселоста на организмот.


Совети за купување и чување целер


· При купување целерот потребно е да внимаваме да има цврсти, исправени стебленца. Тие треба лесно да се кинат при повлекување, и да не се виткаат. Листовите треба да бидат остри и свежи, со боја од светло до темно зелена. Да се избегнува целер со жолти или кафени дамки.

· За да ги одржитеме хранливите материи целерот се сечка непосредно пред готвење. Дури и целерот кој е исецкан и складиран само неколку часа ќе ги изгуби хранливите материи.

· Целерот сварен на пареа ќе го задржи вкусот и речиси сите негови хранливи материи.

· Консумирајте свеж целер во рок од пет до седум дена и уживајте во неговите максимални нутритивни придобивки.

· Во зелениот дел од целерот има најмногу калциум, калиум и витамин Ц.

· Покрај многубројните здравствени придобивки, целерот е разновиден зеленчук. Можете да се консумира сиров или варен, одличен додаток е на смути, помфрит, супи и сокови. Целерот може да се готви и на пареа или да се пече.


Доколку ти е потребна консултација со нутриционист, разгледај ги нутритивните улуги на овој ЛИНК или контајктирај ме на следниов КОНТАКТ.


Останете здрави и среќни!

Commentaires


bottom of page