Првите сознанија за постоење мед произведен од шеќерна трска кој е добиен без благопријатно влијание на пчелите е донесен од Александар Македонски по враќањето од воените походи од Индија. Па се смета дека од тогаш и датираат засладувачите во човековата исхрана.
Како татковина на шеќерот се смета Индија каде доминира производството на шеќер од шеќерна трска, додека во Европа и кај нас доминира шеќерот добиен од шеќерна репа.
Но во последниот период и зголемената стапката на заболувања поврзани со прекумерниот внес на шеќер како засладувач па од тука човекот е во потрага по здрава алтернативна замена. За да се одреди штетност на засладувачите најсоодветни показатели се Гликемискиот индекс на засладувачот, калорската вредност и содржината на микронутриенти. Американското здружение за борба со кардиовскуланите заболувња препорачува дневната консумација на шеќер за жените да биде под 25 гр и за мажите под 38 гр.
Гликемискиот индекс го одредува гликемискиот одговор на одреден вид храна, односно способноста на одреден вид храна да го покачи нивото на крвниот шеќер. Овој гликемиски одговор зависи од количината на земената храна, содржината на влакна, масти и начинот на кој е храната подготвена.
Глукозата е вид јаглехидрат кој најбрзо го покачува крвниот шеќер и нејзиниот гликемиски индекс е 100, останатите јаглехидрати имаат гликемиски индекс кој им е одреден во споредба со гликозата и се поделени како:
· Јаглехидрати со поголем гликемиски индекс
· Jаглехидрати со понизок гликемиски индекс
Домашниот и странскиот пазар ни нудат засладувачи од различен облик и од најразлични извори. Едно американско списание наведува дека засладувачите се познати под 56 видови називи забележани на декларациите. Во моментов најпознати кои се застапени на пазарот се следниве:
1. Обичен бел шеќер- Сахароза, која е во најголем дел застепена во индустриските производи а многу често на декларациите е забележана и под друго име со цел да не се забележи дека е бел шеќер. Оваа опција на шеќер ги храни лошите бактерии во дигестивниот систем, го ослабнува имунитетот и е причина за многу воспалителни процеси. Предизвикува брз скок на шеќерот во крвта т.е има висок ГИ. Калориска вредност: 390 kcal на 100 гр
2. Кафеав шеќер- скоро ист како белиот т.е само обоен од меласата и може да содржи мала количина на минерали кој го одвојува од обичниот бел шеќер. Разликата е во помалиот гликемискиот индекс, т.е нивото на скок на шеќер во крвта е помала а калориската вредност е речиси иста како и белиот шеќер: 380 kcal на 100 гр
3. Фруктоза- овошен шеќер. Подобра опција е од белиот шеќер бидејќи содржи минерали и витамини, има понизок гликемиски индекс- 19, но може да прави дигестивни тегоби како што е подуеност. Фруктозата е уште и сеприсутниот засладувач исхраната, но науката доакжала дека ги менува гените кои се поврзани со различни болести , вклучувајќи дијабетес, проблеми со срцето, нарушување на хиперактивноста со дефицит на внимание (ADHA) и Алцхајмерова болест, според новото истражување.
4. Јаворов сируп- Она што го издвојува јаворов сируп од рафинираниот шеќер е што во составот содржи минерали и антиоксиданси. Покрај содржината на некои минерали, како манган и цинк, треба да истакнеме дека исто така содржи многу шеќер. Јаворовиот сируп е составен од околу 2/3 сахароза и ГИ околу 54. За споредба, белиот шеќер има гликемиски индекс од околу 65.
5. Агавин сируп- Нектар од агава, или сируп од агава, е популарен засладувач добиен од неколку различни видови на растението агава. Често се поврзува како здрава алтернатива на обичниот шеќер, бидејќи има понизок ГИ но сепак, нектарот од агава содржи околу 70-90% фруктоза и 10-30% гликоза и поради поголемиот процент на содржина на фруктоза во својот состав во поголеми дози поврзан е со покачување на ЛДЛ (лош) холестерол и триглицериди, кои се главни фактори на ризик за срцеви заболувања
6. Стевиа- природен засладувач, нема калории неподигнува гликемиски индекс, 200 пати послатка од шеќерот. Добра е за дијабетичари и во состојби на инсулинска резистенција, и за жени кои имаат склоност кон кандида. При готвење да не се додава многу бидејќи може да даде гочлив вкус
7. Кокосов шеќер- органски производ содржи инулин (пребиотик кој ги храни добрите бактерии) затоа е органска храна, содржи железо, магнезиум , цинк. Извор е и на Б комплекс и има понизок гликемиски индекс -30. Бидејќи содржи фруктоза потребно е да се користи во умерени количини.
8. Мед- Најпознат засладувач кој во одредени состојби тој е лек. Богат е со витамини и минерали и фенолни соединенја. Кога ќе го загреваме тој губи од својата нутритивна вредност. Неговиот ГИ врира во зависност од видот на мед, а најмал е кај багремовиот мед. Потребна е негова умерена употреба порад содржината на фруктоза.
9. Ксилитол- Брезин шеќер. Ксилитол е шеќерен алкохол кој се екстрахира од брезата и се додава во многу гуми за џвакање и пасти за заби. Во споредба со обичниот шеќер, тој има значително понизок гликемиски индекс (ГИ), што значи дека нема да ви го зголеми шеќерот во крвта или нивото на инсулин. Поврзан е со некои здравствени придобивки, вклучувајќи намален раст на бактерии и зголемен волумен на коските и производство на колаген , но може да предизвика дигестивни тегоби поради лаксативно дејство во високи дози и може да предизвика дигестивни нарушувања, вклучувајќи течна столица, гасови, подуеност.
Закажи консултација со нутриционист и добиј насока за здрава исхрана, нашите нутритивни услуги можеш да ги разгледаш на овој ЛИНК или контактирај ме на следниов КОНТАКТ.
Останете здрави и среќни!
Bình luận