Цвеклото содржи диетални влакна кои го прават погодно за борба против опстипација, анемија, се препорачува децата да го консумираат што е можно повеќе поради содржината на антоцијани која го исклучително го зајакнува имунитетот, а поради богатството на фолати се препорачува и за трудници.
Потоа грозје со кое ќе го освежиме организмот и ќе го снабдиме со потребните витамини. Овие здрави бобинки се богати со витамини А, Б6, Б и фолна киселина, а 100 грама грозје ќе задоволат 25 проценти од препорачаната дневна количина на витамин Ц. Содржи моќни полифеноли како кварцетин па порди тоа задолжително треба да биде составен дел од исхраната кај популација која се соочува хронични заболувања
Колку и да мислиме дека јаболката се секојдневно и обично овошје да не заборавиме дека одлично ни го чуваат здравјето, дури и го олеснуваат дишењето, а бидејќи лесно не заситуваат, ефикасен сојузник се при ослободување од несаканите килограми.
Модар патлиџан е многу богат извор на влакна, особено целулоза, која е добра за варење, како и витамини Б1, К, Ц, А и фолна киселина. Она по што е познат овој зеленчук е антиоксидантот насунин, кој се наоѓа во неговата кора и кој ги штити нашите клетки од уништување и го спречува излачувањето на вишокот железо од телото.
Крушите се извор на витамините Ц, К, Б2, Б3 и Б6, калциум, магнезиум и калиум. За бремени жени или доилки, корисни информации се дека содржат фолна киселина (Б9). Сите витамини и минерали што ги содржи прават чуда врз нашиот имунитет, а бидејќи сезоната на настинки и грип е на пат да започне, сега е време најмногу да го консумираме ова овошје.
Зелката е незаменлив дел од секоја зимска сезона и тоа не е случајно. Кисела или свежа, богата е со витамин Ц, но и со пробиотици без кои нашета дигестија не може правилно да се одвива. Посебно ги има во киселата зелка, која ја стопира дијареата, го подобрува имунитетот, спречува алергии, инфекции на уринарниот тракт, го намалува холестеролот, високиот крвен притисок и стресот.
Закажи консултација со нутриционист и добиј насока за здрава исхрана, нашите нутритивни услуги можеш да ги разгледаш на овој ЛИНК или контактирај ме на следниов КОНТАКТ
Останете здрави и среќни!
Comments